КОЛЕВ ЖЕСТОКО ГО НАВРЕДИ КОНЕСКИ, ГО НАРЕЧЕ „ЏУЏЕТО ОД НЕБРЕГОВО“ Така претседателот на ГДУ го „прослави“ Денот на македонската азбука!

Петар Колев на Фејсбук напиша дека Блаже Конески го направил својот народ полуписмен.

5,562

Петар Колев, претседателот на Граѓанско-демократската унија, еден од луѓето кои ги артикулираат интересите на БУгарите во Македонија, на Денот на македонската азбука жестоко го навреди Блаже Конески и повторно го нарече „џуџето од Небрегово“.

Колев на Фејсбук напиша:






„На 5 мај во 1945 година, со решението од тогашната Народна влада на Федерална Македонија, е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а набргу, еден месец подоцна и правописот на македонскиот јазик. Овој процес е свечено заокружен со делата на Блаже Конески – Граматиката, Речникот и Историјата на македонскиот јазик.

Благодарение на сето тоа денеска пишуваме к’рв со апостроф, в’ рв со апостроф и т’га за југ со апостроф, а истовремено со тоа не можеме да прочитаме ниту едно писмо на револуционерите во оригинал или пак автор на поезија и проза кој пишувал пред 1945 година. Со други зборови, сме полуписмени субјекти кои не можат да си ги читаат своите дедовци во оригинал.

Затоа Блаже Коневски е и ќе остане џуџето од Небрегово, кое го осакати собствениот народ и го направи полуписмен“.

Поврзани содржини