📽 КОЛАТА УШТЕ НЕ Е ЗА ПРОДАВАЊЕ…Веселата страна на политиката низ забавно видео
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ се обиде преку кратко видео да придонесе кон подоброто расположение на граѓаните, преставувајќи ја веселата страна на политиката, лапсузите и гафовите кои се случија изминатата година,
Граѓаните ја испраќаат тешката 2023 година, со надеж дека 2024 година ќе донесе промени и подобар живот. Токму празничните мигови се време кои секој од нас треба да ги помине во радост и веселба заедно со своите најблиски.
„Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ се обиде преку кратко видео да придонесе кон подоброто расположение на граѓаните, преставувајќи ја веселата страна на политиката, лапсузите и гафовите кои се случија изминатата година, а кои останаа невидени и незабележани во медиумите.
Се надеваме дека насмевките и позитивната енергија кои ги предизвикува ова видео ќе придонесе да подзаборавиме на проблемите и предизвиците и ќе биде добар вовед во Новата 2024 година која сите очекуваме дека ќе донесе многу успеси, радости и напредок“ – порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.