🎥 КОЛАБИРАШЕ Н’ДИКА СРЕДЕ НАТПРЕВАР Не се знае каква е состојбата со 24-годишниот фудбалер

Натпреварот меѓу Удинезе и Рома е прекинат.

488

Натпреварот меѓу Удинезе и Рома од 32. коло во италијанската Серија А е прекинат. На средината на второто полувреме гостинскиот фудбалер Еван Н’Дика колабираше на теренот.

Дваесет и четиригодишниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска беше изнесен од теренот на носилки.






Состојбата на Н’Дика засега е непозната.

Кога натпреварот беше прекинат, резултатот беше 1:1. Напаѓачот на Рома, Ромелу Лукаку одговори на голот на играчот од средниот ред на Удинезе, Роберто Переира.

По консултации со играчите и стручните штабови на екипите, одлучено е да се прекине натпреварот. Истата ќе биде завршена на друг датум кој дополнително ќе биде објавен.

Поврзани содржини