КОКАИН ВО УРИНАТА НА ДЕВОЈЧЕ ВО ХРВАТСКА Мајката сакала да прикрие свој тест, завршила пред обвинител
Мајка во Хрватска се обидела да измами тест за дрога на работа користејќи урина од сопственото дете, но резултатот открил кокаин и кај двајцата. Полицијата покренала истрага, а обвинителството најави кривична постапка.
Шокантен случај ја потресе Хрватска. Maјка на 25 години од Велика Горица се соочува со затвор, откако нејзиното 3-годишно девојче било позитивно на кокаин. Случајот бил откриен минатото лето. Жената, според обвинителството, се обидела да измами тест за дрога на работа. Наместо своја, однела урина од детето.
Резултатот ја разоткрил измамата. Во примерокот бил откриен кокаин. Веднаш била известена полицијата.
Истрагата утврдила дека жената консумирала дрога во стан во Загреб. Супстанцијата ја оставила на дофат на детето.
„Инцидентот се случил во јули 2025 година, а случајот бил откриен кога мајката се обидела да измами тест за дрога на работа. Токсиколошките испитувања потврдиле дека и мајката и детето биле позитивни на кокаин“, наведуваат од хрватското обвинителство.
Случајот прва го пријавила бабата на детето. Таа стравувала за животот на својата внука.
Мајката се соочува со кривична одговорност поради загрозување на детето.