КОКАИН, МАРИХУАНА, ЕКСТАЗИ, КРИСТАЛ МЕТ… Уапсени двајца дилери во Кисела Вода, нема што немале

При претресот биле пронајдени четири килограми марихуана, околу 100 грама кокаин, едно пакување со синтетичка дрога кристал мет, околу 500 таблети екстази и дигитална вага.

357

Полициски службеници вчера околу 16.00 часот во скопската населба Кисела Вода уапсиле двајца дилери, К.К.(35) од Скопје и Љ.Б.(30) од Штип, со привремен престој во Скопје.

При преглед над К.К. во близина на неговиот дом полицајците пронашле 50 таблети екстази, кокаин и едно пакување со синтетичка дрога кристал мет. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом и биле пронајдени други предмети поврзани со кривични деле.






По добиена судска наредба, вчера бил извршен и претрес во домот во кој престојува Љ.Б., при што биле пронајдени и одземени околу четири килограми марихуана, околу 100 грама кокаин, едно пакување со синтетичка дрога кристал мет, околу 500 таблети екстази и дигитална вага.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со ОЈО Скопје, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информира МВР.

Акцијата ја спровеле полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при МВР, во координација и заедничка акција со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје.

 

Поврзани содржини