„КОКА-КОЛА“ ПОВЛЕЧЕ ПОВЕЌЕ ПИЈАЛАЦИ ОД ПАЗАРОТ ВО ЕВРОПА Содржеле зголемени количини на хлорат
Се повлекуваат пијалаците во стаклена амбалажа и тоа: Кока-Кола, Спрајт, Фанта, Фузе чај, Минут Меид, Налу, Ројал Блис и Тропико.
Европскиот производител на Кока-Кола од Белгија повлекува голема количина на безалкохолни пијалаци од повеќе земји поради повисоко присуство на хлорат.
Се повлекуваат пијалаците во конзерва и во стаклена амбалажа од 0,5 литри и тоа: Кока-Кола, Спрајт, Фанта, Фузе чај, Минут Меид, Налу, Ројал Блис и Тропико.
Coca-Cola Europacific Partners Belgium изјави дека контаминираните пијалаци се дистрибуирани во Белгија, Холандија, Британија, Германија, Франција и Луксембург од ноември.
Повлекувањето се однесува на производи со рок на траење помеѓу 04.02 и 12.04.2025 година, означени со шифрата „WP“ под датумот на задната страна од шишето над етикетата
„Поголемиот дел од засегнатите и непродадените производи веќе се отстранети од полиците на продавниците и продолжуваме да преземаме мерки за отстранување на сите преостанати производи од пазарот“, изјавија од Кока-Кола.
Проблемот, како што наведува производителот, бил откриен при проверки во фабрика во Гент.
-На нашата производна локација во Ганд, спроведуваме тестови како дел од нашите процедури за контрола на усогласеноста со регулативата. Овие контроли овозможија да се идентификуваат високи нивоа на хлорат – велат од компанијата.
Според веб-страницата на Европската комисија, хлоратот во храната доаѓа од дезинфекција со хлор, кој се користи за третман на вода и преработка на храна, а водата зазема убедливо најголем удел.
Управата за безбедност на храна на ЕУ во научно мислење од 2015 година оцени дека долготрајната изложеност на хлорат во исхраната може да претставува потенцијален здравствен проблем за децата, особено оние деца кои имаат благ или умерен дефицит на јод.
„Сепак, дури и ако се земат предвид највисоките проценети нивоа, малку е веројатно дека вкупната количина конзумирана во еден ден го надминува препорачаното ниво за потрошувачите од сите возрасни групи“, се заклучува во соопштението.