КOJ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА ЕКОЦИДОТ ВО РЕК? Мицкоски ги предизвикува Ковачевски и Тупанчевски

Во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за работата на Мицкоски во ЕЛЕМ, се вели дека е лага дека во време на неговото директорување се купувало скапа струја и дека поскапела струјата.

389

„РЕК Битола денес, деновиве. Кој ќе одговара кривично за овој екоцид? Ајде, колега Тупанчевски, да го видиме на дело вашиот предлог како ќе функционира…“, напиша на својот фејсбук-профил  Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ објавувајќи видео снимка и фотографии од работењето на РЕК Битола.






Инаку, во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за работата на Мицкоски во ЕЛЕМ, се вели дека е лага дека во време на неговото директорување се купувало скапа струја и дека поскапела струјата.

„Еве ги фактите: Откако Мицкоски е именуван за советник во владата април/2015 година, до негово разрешување како генерален директор на ЕЛЕМ во август/2017 година, струјата за граѓаните поевтинува од 4,47 ден/kwh на 4,45 ден/kwh или околу 0,5%, а до скоро граѓаните плаќаа 5,87 ден/kwh или за околу 32% поскапа струја од времето кога претседателот Мицкоски е разрешен од местото генерален директор на ЕЛЕМ, или по последното поскапување од 1 јули оваа година, граѓаните плаќаат за 50 % поскапа струја, а стопанството, поточно компаниите за 400% поскапа струја.

Мицкоски го остави ЕЛЕМ со полна каса, цели 30 милиони евра, поточно 25 милиони евра депозити и 5 милиони евра пари на сметка. Сега долгот на компанијата е близу 30 милиони евра.

Недомаќинското работење, криминалот и незнаењето да се работи се главните причини зошто граѓаните плаќаат за 50%, а компаниите за 400 отсто поскапа струја“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини