Коитус без пенетрација
Во договор со Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, Плусинфо повремено ќе преобјавува делови од негови колумни објавени во дневниот весник „Дневник“. На тој начин, освен што ќе ги освежиме сеќавањата на овој исклучителен интелектуалец, сакаме да придонесеме и за активностите на Фондацијата која го продолжува неговото благородно дело. Во оваа колумна професорот Марјановиќ пишува за Законот за денационализација, за враќањето на имотите...
РЕПРИНТ (Објавено во „Дневник“ на 04 март 1998 година)
Еј, беља работа! Законот за денационализација пак запна некаде во собраниските кулоари. Ние од страна (да не речам: аутсајдерите) мислевме: закон како закон: треба само да се соберат на едно место неколку умни луѓе и она што е правено илјадници пати во нашиот парламент, да се направи и по илјада и прв пат. Особено ние „криминолозите” бевме во заблуда мислејќи дека тука може да помогнат некои аналогии со обештетување на жртвите во кривичното право.
Кога крадецот (на старословенски: „тат”) ќе се фати на легло, се прави попис на сите работи за кои органите на прогонот сметаат дека не му припаѓаат. Па, она што е пријавено како украдено, а се идентифицира со нешто од фатената „стока”, по кратка постапка ѝ се враќа на жртвата. Работите што не може така лесно да се идентифицираат или чијшто сопственик останува непознат до крајот на постапката, стануваат државна сопственост.
Оваа навидум едноставна логика нè раководеше нас од Лигата за демократија (од нејзиното основање до денес) да настојуваме врз враќање на имотите што повоената власт ги украде од поранешните сопственици.
А ги крадеше на сите можни начини: со конфискации на имотот на лица осудени за предавство на татковината (затоа што соработувале со непријателот, а не ретко затоа што соработувале и со нив самите, со т.н. авангарда на пролетаријатот), со национализации, експропријации, комасации, арондации итн. Понекогаш дури и без каква и да е правна основа: според максимата „Што е твое, тоа е мое, што е мое, тоа тебе не ти е гајле!”.
Целата колумна прочитајте ја на следниот ЛИНК.
***
Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок!
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга, како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, не се продаваат на „традиционален“ начин. туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од стратешките определби на Фондацијата.
Инструкции за нарачување За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај на следниот ЛИНК и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, а книгите заедно со автограм од авторот ќе Ви бидат доставени на Вашата домашна адреса. Забелешка: Можете да донирате износ по Ваш избор, но не помал од 1000 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, контактирајте ја Фондацијата претходно.