Кои земји го минаа врвот и кои допрва треба да ја израмнат кривата? (ИНФОГРАФИК)
Здравствените експерти предупредуваат дека раното укинувањето на мерките за ограничување воведени против ковид-19 може да резултира во нов бран на заболени.
Оваа недела Италија и Шпанија полека излегуваат од воведените строги мерки во битката со коронавирусот оваа недела, дозволувајќи им на милиони луѓе да се вратат на работа по скоро два месеци во карантин, објави „Independent“.
И двете земји бележат постојан пад на дневните нови случаи, што е една од клучните мерки за тоа дали една земја го надминува врвот од појавата на коронавирусот.
Лидерите во Велика Британија и САД, исто така, ги исцртуваат своите стратегии за излез од карантинот, но сегашните трендови сугерираат дека се далеку во споредба со Италија и Шпанија.
Здравствените експерти предупредуваат дека раното укинувањето на мерките за ограничување воведени против ковид-19 може да резултира во нов бран на заболени.
Еве како се споредуваат некои од најтешко погодените земји кога станува збор за ширењето на смртоносниот вирус:
Дневни нови случаи со ковид-19 во Велика Британија
Слична шема може да се види и во САД, каде што исто така се бележи забавување во бројот на ново потврдени случаи, но сè уште не е конзистентно намалување.
Дневни нови случаи со ковид-19 во САД
Земјите кои се чини дека го надминале врвот ги вклучува оние кои воведоа најстроги мерки во ограничувањето.
Дневни нови случаи со ковид-19 во Италија
Италија го забележа својот најмал број нови случаи на коронавирус од почетокот на март, па поради тоа полека излегува од карантин.
Дневни нови случаи со ковид-19 во Франција
Пад бележи и бројот на нови случаи во Франција од почетокот на април, откако беа воведени строги правила за ограничување.
Дневни нови случаи со ковид-19 во Кина
Податоците од Кина сугерираат дека новите дневни случаи се спуштиле на скоро нула по краткиот скок кон средината на април.
Дневни нови случаи со ковид-19 во Индија
Некои земји можеби сè уште не го достигнале својот врв, Индија бележи удвојување на новите дневни случаи помеѓу 1 и 5 мај.
Дневни нови случаи со ковид-19 во Русија
Сличен тренд е забележан и во Русија, каде на 5 мај се регистрирани над 10.000 нови случаи.
Дневни нови случаи со ковид-19 во Шведска
Одлуката на Шведска да не воведе мерки за карантин ја прави најлиберална во Европа, но новите дневни случаи остануваат релативно ниски и се чини дека забавуваат.
Дневни нови случаи со ковид-19 во Јужна Кореја
Друга земја која може да избегне целосно затварање е Јужна Кореја, каде новите дневни случаи бележат значителен пад во последните неколку недели.
Овој тренд во голема мерка може да се припише на екстензивно тестирање и високо-технолошкиот пристап за следење на појавата на ковид-19 во Јужна Кореја.