КОИ СЕ ТРОЈЦАТА „ЈАСТРЕБИ“ ШТО МУ ВЕЛАТ НА ТРАМП ДА ВОЈУВА? Политико пишува дека натежнуваат нивните аргуметни

Најгласни меѓу „јастребите“ се генерал Мајкл „Ерик“ Курила, сенаторите Линдзи Греам и Том Котон. Иако во моментов не држат високи функции како поранешниот советник Џон Болтон и поранешниот државен секретар Мајк Помпео, нивните ставови сега се доминантни, анализира бриселски Политико.

1,566

Трите републикански „јастреби“ кои го советуваат американскиот претседател да влезе во војна со Иран се повлијателни и сè оди кон уништување на иранските нуклеарни постројки, анализира Политико. Според написот, Доналд Трамп станува се поотворен кон аргументите на оние кои заговараат мешање во војната.

Трамп, иако трипати водеше антивоена кампања, повторно слуша агресивни неоконзервативци кои туркаат интервенција во војната на страната на Израел, без оглед на партијата на власт.






Најгласни меѓу „јастребите“ се генерал Мајкл „Ерик“ Курила, сенаторите Линдзи Греам и Том Котон. Иако во моментов не држат високи функции како поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон и поранешниот државен секретар Мајк Помпео од неговиот прв мандат, нивните ставови сега се доминантни.

Во обид да го задржи влијанието врз Конгресот, Трамп и натаму соработува со традиционалното републиканско крило, и покрај тоа што во МАГА базата ги претстави Илон Маск, Џејмс Венс, Роберт Ф. Кенеди Џуниор и Тулси Габард како блиски антивоени сојузници.

Габард во март соопшти дека Иран не гради нуклеарна бомба, но Трамп одговори:

– Не ме интересира што вели таа.

Греам, гласен поддржувач на сите блискоисточни интервенции, се консултира со Трамп дури и додека играат голф. По заминувањето од самитот на Г7, Трамп го повикал Греам, кој му рекол:

– Ова е историски момент, можете да спречите нуклеарна Иран.

Трамп сега отворено размислува да се користат американски бомби врз иранската нуклеарна постројка во Фордо, кој до пред една недела ја „поштеди“ заради дипломатски обиди.

Планот за соборување режими во регионот не е нов. Се повикува на стратегијата „Чист прекин“ од 1996, подготвена за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, со цел редизајн на Блискиот Исток.

Според пензионираниот генерал Весли Кларк, Пентагон уште по 11 септември 2001 година разработил стратегија за рушење на седум блискоисточни режими во рок од пет години — Ирак, Сирија, Либан, Либија, Сомалија, Судан и Иран.

 

Поврзани содржини