КОИ СЕ ШЕСТЕМИНА ПО КОИ СЕ ТРАГА НА ПОТОНАТАТА ЈАХТА КАЈ СИЦИЛИЈА? „Британскиот Бил Гејтс“ сакал да ја „прослави слободата“ со крстарењето, пишува Дејли Телеграф
Фактот што Линч во јуни во САД бил ослободен од обвиненија за кои му се закануваше казна од 20 години затвор, направи ДејлиТелеграф да напише дека патувањето било „прослава на слободата“.
Телото на еден маж од ултралуксузната јахта „Бајезијан“ вредна 30 милиони долари која потона е пронајдено, а според крајбрежната стража се работи за бродскиот готвач Рикардо Томас, пишува Би-Би-Си. Неговото име во извештаите некаде е напишано и како Рекалдо.
Додека 15 лица беа спасени во мистериозното потонување на бродот, италијанската крајбрежна стража активно се трага по шестмина, меѓу кои и „британскиот Бил Гејтс“, Мајк Линч, за кој се верува дека го организирал патувањето. Фактот што Линч во јуни во САД бил ослободен од обвиненија за кои му се закануваше казна од 20 години затвор, направи ДејлиТелеграф да напише дека патувањето било организирано заради „прослава на слободата“.
Во случајот беше обвинет и неговиот бизнис-партнер Стив Чембрлејн.
Два дена пред потонувањето на јахтата Чембрлен беше удрен од автомобил сообраќајна несреќа во Кембриџшир во Велика Британија. Тој почина утрово. Ова повторно е причина за шпекулации во врска со случајот. Чембрлен беше шеф на позната компанија за сајбер-безбедност Дарктрејс.
Експертите велат дека е многу тешко да се трага по лицата, бидејќи потонатата јахта лежи речиси недопрена и неоштетена на морското дно.
Освен тајкунот Линч, се трага и по неговата 18-годишна ќерка Хана Џонатан Блумер, претседател на меѓународната банка Морган Стенли Џуди Блумер, сопругата на Блумер Крис Морвило, адвокат на Клифорд Шанс.
Меѓу 15-мината спасени, пак, се:
Сопругата на Линч, Анџела Бакарес Шарлот Голунски, нејзиниот сопруг Џејмс и нивната едногодишна ќерка Софи Ајла Роналд, државјанка на Нов Зеланд која работи во Клифорд Ченс и нејзиниот партнер.
Нуркачите се обидуваат да стигнат до остатоците од јахтата, кои се наоѓаат на околу 50 метри под вода на морското дно. Првичните обиди за пристап до него беа попречени од мебелот на бродот што го блокираше пристапот.
Се стравува дека телата на исчезнатите може да се најдат внатре. По силното невреме што ја предизвика трагедијата, во текот на ноќта има повеќе дождови и ветер.
Локалните метеоролози велат дека временската тревога била воведена околу четири дена пред катастрофата, откако големата топлина ја подигнала температурата на Медитеранот на 30 степени Целзиусови, повисока од нормалната.