Градот Скопје и Агенцијата SWOT Research ги избраа најдобрите трговски објекти во Скопје, во повеќе дејности, во рамките на традиционалната манифестација „Месец на трговијата 2020″, која годинава се организира по 14–ти пат.
Оваа година, поради пандемијата со ковид-19 вирусот изборот на најдобар трговски објект е организиран поинаку, и денеска, раководителот на Секторот за Локален економски развој на Град Скопје, Марко Тодоров, на претставниците на најдобрите трговски објекти плакетите им ги додели на отворено пред бараките на Град Скопје и тоа:
Категорија „Апарати за домаќинство, бела техника и се за дома“
- Сетек
- Техномаркет
- Нептун
Категорија „Модни додатоци и накит“
- SWAROVSKI
- Miss Spice
- Tesoro
Категорија „Компјутерска, аудио – видео и телекомуникациска опрема“
- Телекомпродавница
- ANHOCH PC Market
- I Style
Категорија „Парфимерии и козметика“
- L’ OCCITANE
- Ри – Ма
- MAC cosmetics
Категорија „Салони за мебел“
- Кристина Дамил
- Југоекспорт Стил
- Акрон
Категорија „Супермаркети“
- Рамстор
- Рептил
- Гранап
Категорија „Бутици“
- KOTON
- Springfield
- Sara fashion
Категорија „Домаќинство“
- Coin Casa
- LUSSO
- VICKO
Вкупниот резултат остварен од сите трговски објекти кои се испитуваа оваа година е повисок во споредба со вкупниот резултат остварен во 2019 година. И покрај дополнителните стандарди кои беа мерени оваа година и вонредните услови за работа во време на пандемија, трговците успеаја да го подигнат нивото на квалитет на услуга.
Покровител на четиринаесеттиот избор на најдобар трговски објект е Град Скопје, а се реализира преку Секторот за локален економски развој, во соработка со Агенцијата SWOT Research, специјализирана агенција со експертиза и искуство во анализа на квалитетот на услугата.