КОИ СЕ НАЈДОБРИТЕ ПОЛОЖБИ ЗА ПОРОДУВАЊЕ? Не, не мора да лежите на грб

Откако во видео на ТикТок покажала повеќе пози во кои може да биде жената додека се породува, оваа жена поттикнала интересна дискусија. Дали сте размислувале за поинаква положба од онаа, лежејќи на грб?

291

Кога размислувате за породувањето, веројатно си замислувате жена како лежи на грб во болнички кревет. Затоа видеото на Дијаша Џонс во кое таа покажала различни положби на раѓање, станало ултра популарно. Особено со оглед на тоа што таа ги испробала сите додека ги раѓала своите три деца во домашни услови.

Снимката собрала речиси милион прегледи, а Дијаша покажала четири различни пози: на сите четири, на колена, клечејќи и лежејќи на страна. Ова предизвикало интересна дискусија. Додека некои ги споделуваат своите искуства, други прашуваат зошто лежењето на грб е норма во болниците.






Повеќе за ова, како и видеото, можете да го видите на порталот „МАЈКА И ДЕТЕ“.

Поврзани содржини