КОИ СЕ ДВАТА НАЈЧЕСТИ ВИДОВИ РАК? Препознајте ги симптомите кои може да укажуваат на еден од овие два карциноми

Превенцијата е најделотворниот начин за спречување на развојот на малигните заболувања, па затоа е важно навреме да се препознаат симптомите.

1,241

Ракот на желудникот е втора најчеста малигна болест, како по зачестеност, така и по смртност. Се јавува двапати почесто кај мажите отколку кај жените, а најчесто по 50-тата година од животот.

Но, загрижува фактот што сѐ почесто се јавува кај лица помлади од 40 години.






Најчестиот облик на рак се нарекува аденокарцином и претставува 90-95% од сите случаи на рак на желудникот.

Ракот на дебелото црево или колоректалниот карцином е исто така на врвот по зачестеноста, а подеднакво ги погодува двата пола.

Првично се појавуваат полипи кои се претежно бенигни, но важно е да се препознаат оние со „преканцерозен“ потенцијал.

Ако ракот се препознае во рана фаза, додека туморот е локализиран, процентот на излекување е многу висок.

Затоа е важно да се обрне внимание и брзо да се реагира доколку се појават симптоми кои може да укажуваат на еден од овие два карциноми.

Симптоми на рак на желудникот

Шансите за преживување може да се зголемат со рано откривање на рак на желудникот.

Затоа е важно, доколку имате некој од факторите на ризик или симптоми кои можат да бидат поврзани со овој рак, да побарате помош од лекар кој ќе ве упати на понатамошно лекување.

Ова се најчестите симптоми:

Губење на тежината се јавува кај 70-80% од пациентите

Мачнини и повраќање

Тешкотии при голтање

Надуеност и лошо варење

Чувство на исполнетост во стомакот

Појава на темна крв во столицата

Замор како резултат на хронична загуба на крв и анемија

Симптоми на рак на дебелото црево

Преку превентивни прегледи и дијагностички тестови може да се открие во рана фаза кога е можно целосно излекување.

За жал, поголемиот дел од пациентите се пријавуваат на лекар само кога болеста почнува да предизвикува симптоми како што се пречки во празнењето на дебелото црево, крв во столицата или губење на тежината.

Првите симптоми обично не се силни и загрижувачки, па луѓето често ги игнорираат.

Не правете ја таа грешка. Посетете го вашиот лекар ако ги имате овие проблеми кои не исчезнуваат:

Промени во движењето на дебелото црево, вклучувајќи запек и дијареа и чувство на нецелосно празнење

Ректално крварење, траги од крв во столицата промена во калибарот на столицата (столица налик на молив)

Абдоминална болка со надуеност малаксаност губење на апетит и губење на тежината

Чувство на тежина или полност после јадење

Благо гадење и повремено повраќање

Дефинитивно треба да се јавите кај вашиот лекар во случај на невообичаени промени во ритамот на столицата или појава на крв во столицата, што не треба да се објаснува со хемороиди.

За да бидете сигурни, потребна е колоноскопија.

Поврзани содржини