КОИ СЕ ДЕСЕТМИНАТА НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ? Скоро сите се софтверџии, тежат над 100 милијарди долари
Сите основале по некоја од корпорациите без кои не можеме да го замислиме светот денес, а критериум за да влезат на скалата бил да тежат над 100 милијарди, во бруто и нето, но и нивниот моментален финансиски успех. Скалата на магазинот „Форбс“ постојано се менува.
Пливаат во милијарди, а повеќето од нив се основачи на корпорациите без кои не може да се замисли светот денес: Фејсбук, Гугл, Амазон, Тесла…Скалата на 10 најбогати луѓе во светот се менува според нивните нето и бруто приходи, но и финансиски успех, а еве кои се тие според магазинот „Форбс“, пишува Нет.
Џеф Безос – 201,7 милијарди долари: Безос остана да биде најбогат во светот дури и по разводот од сопругата МекКензи во 2019 година, кога мораше да ѝ префли четвртина од своите акции во „Амазон“. Безос ја основал фирмата во 1994 година во гаража во Сиетл.

Илон Маск – 195,3 милијарди долари: Со неговите електрични автомобили Тесла, Илон сака да направи револуција во транспортот на Земјата, но и во вселената преку ракетите од неговата компанија „Спејс Икс“, која моментално е проценета на 100 милијарди долари.
Бернард Арно и неговата фамилија – 187,1 милијарди долари: Поседува трговско „царство“ од 70 брендови, меѓу нив и Луис Витон и Сефора. Францускиот претприемач и најбогат Европјанин само лани заработи 100 милијарди долари.
Марк Закерберг – 135 милијарди долари: Основач на Фејсбук, мрежата која го смени начинот на живеење на луѓето. Фејсбук пред два дена го доживеа својот историски пад на серверите од цели шест часа, а Марк изгуби 7 милијарди на берзата за тоа време.

Бил Гејтс – 132 милијарди долари: Откако го основал „Мајкрософт“ со Пол Ален, Гејтс ги распродаде скоро сите свои акции во компанијата, а задржа само 1 отсто. Минатата пролет токму тие 1 отсто експресно пораснаа за да му го донесат членството во клубот „луѓе со над 100 милијарди“.
Лери Пејџ – 123,1 милијарди долари: Освен што е ко-основач на Гугл, вложувал и пари во „Планетари Рисорсис“, фирма за истражување на вселената. Лери го финансира и стартапот „Флајинг Кар“ кој се занимава со летечки коли.
Сергеј Брин – 118,6 милијарди долари: Другиот ко-основач на Гугл, пријател на Лери Пејџ. Сергеј ја основал и фирмата „Алфабета“.

Лери Елисон – 117,4 милијарди долари: Основач на „Оракл“, компанијата која продава Јава за секој компјутер. Ја основал во 1977 година, а ја напуштил функцијата директор во 2014, а оттогаш е технолошки советник на фирмата.
Ворен Бафет – 101,4 милијарди долари: Се смета за еден од најуспешните акционери во светот. Ја води фирмата „Беркшир Хатавеј“ која поседува над 60 помали фирми, меѓу кои и познатото „Геико“ осигурување, „Дурацел“, ресторанот „Дери Квин“ …
