КОИ ПРИВИЛЕГИИ ГИ НОСИ НОВАТА ПРЕМИУМ ДЕБИТНА КАРТИЧКА VISA SIGNATURE? Комерцијална банка отвора нови светови за своите корисници
Бесплатни посети 8 пати годишно на над 1.200 DragonPass деловни зони на аеродроми ширум светот, 6 GB бесплатен интернет во роаминг годишно, неограничена Fast Track услуга на аеродромот во Скопје и бесплатно патничко осигурување за тебе и за твоите најблиски се само дел од привилегиите на новата картичка на Комерцијална банка.
Постојат работи што се достапни за секого и постојат моменти што се резервирани само за тие кои бараат повеќе. Искуства што не можат да се купат со обичен билет. Чувство дека припаѓаш во светот на привилегиите и луксузот. Задоволство што доаѓа со стил и префинетост.
Овие детали ја прават разликата помеѓу обичното и извонредното. А овие моменти стануваат дел од твојата секојдневна реалност кога имаш вистински партнер покрај себе.
Новата Visa Signature премиум дебитна картичка од Комерцијална банка е твојот клуч до овој свет на исклучителност. Таа не е само средство за плаќање туку симбол на стил, доверба и привилегија, создадени за тие што сакаат нивните секојдневни искуства да бидат многу повеќе од обични. Visa Signature ја претвора секоја трансакција во задоволство, секое патување во печат на софистицираност, а секојдневието во приказна исполнета со престиж.
Ако си подготвен твоето секојдневие да биде на ниво повисоко од вообичаеното, време е да отклучиш нов свет на можности:
– Бесплатни посети 8 пати годишно на над 1.200 DragonPass деловни зони на аеродроми ширум светот, со што чекањето станува можност за одмор и инспирација,
– 6 GB бесплатен интернет во роаминг годишно за да останеш поврзан каде и да си,
– Неограничена Fast Track услуга на аеродромот во Скопје за побрзо и поудобно патување, без брзање и непотребен стрес,
– Бесплатно патничко осигурување за тебе и за твоите најблиски, за патувања без грижи, чувство на мир и фокус на моментите, а не на проблемите,
– Специјални попусти и понуди, внимателно селектирани за стил на живот кој одговара на твоите очекувања, во кој само еден допир е доволен за плаќање,
– 24/7 бесплатен Visa чет бот преку Viber и Telegram, подготвен да ти ги обезбеди сите информации за привилегиите од твојата картичка.
Со Visa Signature стануваш дел од кругот на оние што уживаат во привилегии дизајнирани токму за нив. Оваа картичка е потписот на твојата уникатност, збогатена со удобност, статус, доверба и ексклузивност.
Дозволи си да живееш на начин што ја одразува твојата автентичност. Visa Signature премиум дебитната картичка ќе те потсети дека вреди да се живее секој миг со стил, сигурност и уживање.
Запознај ја Visa Signature на следниот линк. Ако аплицираш во промотивниот период до 31 октомври, ќе ја добиеш и без членарина за првата година.
Комерцијална банка со гордост и за прв пат во Македонија ја овозможи уникатната Signature програма со цел да ти овозможи луксуз кој го претвора секој момент во незаборавно искуство. Елеганцијата денес не е само избор, туку може да биде и начин на живот со Visa Signature како симбол на современ ритам и личен стил.