КОИ НАМИРНИЦИ ТРЕБА, А КОИ НЕ ТРЕБА ДА СЕ МИЈАТ? Пилешкото месо не се мие, оризот задолжително

Миењето на состојките за нашите јадења не може да биде лоша работа. Сепак, постојат ситни разлики кои на вашите јадења ќе им донесат подобри вкусови и ќе ви дадат поздрава алтернатива ако ги ставите или не ги ставите под млаз вода. Дознајте која храна е важно задолжително да ја измиете пред употреба, а која никако не треба.

247

Некои состојки на омилените јадења треба да се измијат од нечистотиите настанати при транспорт или со долго стоење. Во таа група секако влегуваат сите видови на овошје и зеленчук, особено она кое доаѓа од другите делови од светот или пак е третирано.

За жал, во продавниците најчеста појава е токму увозното овошје и зеленчукот па затоа е важно добро да се измие пред послужувањето.
Ако користите кора од лимон или портокал, секако пред употреба е добро да се изрибаат со сунѓер за садови додека пак за бобинките е доволно да се потопат во ладна вода со малку оцет, да се измијат и да се исушат па да се стават во фрижидер.






Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини