Кои меѓународни дестинации се отворени за туристите?
Бали се надева дека ќе започне да ги дочекува туристите од октомври, под услов стапката на инфекција да остане ниска.
Иако повеќето влади сè уште советуваат да не оди на меѓународно патување, ако не е потребно, многу популарни дестинации почнуваат да ги олеснуваат мерките за борба против ковид-19, како и ограничувањата на границите, а „СNN“ издвои некои од нив.
Бали се надева дека ќе започне да ги дочекува туристите од октомври, под услов стапката на инфекција да остане ниска.
Кипар сака својата туристичка индустрија да ја врати на вистинскиот пат, така што официјалните претставници нудат да ги покријат трошоците за сите патници кои ќе бидат позитивни на тестовите за ковид-19 додека се на одмор во медитеранската островска држава.
Меѓународните летови беа пуштени на 9 јуни, а кога дестинацијата се отвори, може да влезат само посетителите од избраните земји, пишува „СNN“.
Египет објави дека од 1 јули ќе бидат дозволени редовни меѓународни летови, додека на странските туристи ќе им биде дозволено да доаѓаат во одморалиштата кои се најмалку погодени од пандемијата.
Франција беше најпосетуваната земја во светот пред пандемијата на коронавирусот. Иако владата полека презема некои мерки, официјалните лица јасно ставија до знаење дека земјата не брза да ги намали меѓународните ограничувања на границата. Патниците што влегуваат во земјата, освен државјани на ЕУ или патници од Велика Британија, мораат да бидат во задолжителен 14-дневен карантин најмалку до 24 јули.
Иако патувањето во Германија што кои не се неопходни се забранети, земјата ги тргна ограничувањата за посетителите од ЕУ на 15 јуни, пренесува „СNN“.
Што се однесува до Грција, туристичката сезона започна на 15 јуни, кога сезонските хотели можеа повторно да се отворат.
Исланд исто така ја отвори границата за туристите на 15 јуни, а патниците сега имаат можност или да бидат тестирани при пристигнување за 100 евра или да достават доказ за неодамнешниот тест со негативен резултат или да се согласат на двонеделен карантин.
Во Италија на патниците од ЕУ, заедно со Велика Британија и Андора, Монако, Сан Марино и Ватикан, им е дозволено да влезат во земјата без карантин, почнувајќи од 3 јуни, што владата го опиша како „пресметан ризик“.
Портпаролот на туристичката организација на Малдиви потврди дека дестинацијата ќе биде отворена за туристи од сите националности од јули.
Премиерот на Малта, Роберт Абела, неодамна потврди дека земјата ќе ги отвори своите граници на посетителите од најмалку 17 земји на 1 јули.
Шпанија, која имаше рекордни 84 милиони посетители во 2019 година, го премести датумот на повторно отворање, дозволувајќи им на патниците од ЕУ да влезат без да мора да одат во карантин две недели од 21 јуни, пишува „СNN“.
Границите на Тајланд засега се цврсто затворени.
Турскиот министер за туризам Нури Ерсој објави дека земјата најпрво може да ја отвори границата за кинеските и јужнокорејските граѓани.
Во Обединетите Арапски Емирати, официјалните лица допрва треба да објават кога на меѓународните туристи ќе им биде дозволено да влегуваат во земјата.
Иако Велика Британија претходно се откажа од карантинот за странските посетители, патниците кои влегуваат во земјата од странство сега треба да се изолираат повторно 14 дена, а во случај на кршење на карантинот, плаќаат казна од околу 1.000 евра, јавува „СNN“.