КОИ БЕА ПОБЕДНИЦИ, А КОИ ГУБИТНИЦИ Доделени престижните награди САГ (ФОТО)
Овогодинешната листа на номинирани ја сочинуваа големи холивудски имиња - од Вил Смит и Оскар Ајзак, преку Никол Кидман и Бредли Купер.
Синоќа во Лос Анџелес беа доделени наградите на Здружението на актерите (САГ), а главните награди им припаднаа на Вил Смит и Џесика Честејн. За разлика од другите награди, популарните награди САГ се занимаваат исклучиво со оценување на оние пред камерите, за кои гласаат самите актери.
View this post on Instagram
Овогодинешната листа на номинирани ја сочинуваа големи холивудски имиња – од Вил Смит и Оскар Ајзак, преку Никол Кидман и Бредли Купер, а легендарната Хелен Мирен ја доби наградата за животно дело, пишува Си-ен-ен.
View this post on Instagram
Во категоријатан најдобрата изведба на актерскиот ансамбл во филм победи „Кода“, во конкуренција на „Кралот Ричард“, „Белфаст“, „Не гледај нагоре“ и „Куќата Гучи“.
Со награда за најдобра машка главна улога се закити Вил Смит за улогата во филмот „Кралот Ричард“, со што ги победи Ендрју Гарфилд, Бенедикт Камбербач, Хавиер Бардем и Дензел Вашингтон.
Меѓу актерките за најдобра женска улога, наградата САГ дома ја однесе Џесика Честејн за улогата во филмот „Очите на Тами Феј“. Џесика имаше жестока конкуренција – Никол Кидман, Оливија Колман, Леди Гага и Џенифер Хадсон.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм