„КОГО ЛАЖЕШЕ СПАСОВСКИ ЗА ВОЗИЛОТО НА ПАНЧЕ ЖЕЖОВСКИ?“ Ковачки тврди дека министерот е фатен во лага
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обид да се спаси, дополнително се негира и се понижува пред цела јавност, обвини Драган Ковачки, пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Откако пред 10 дена тврдеше дека не го барале возилото на велешанецот Панче на системот ‘Безбеден град’ затоа што не знаеле дека е исчезнато и возилото, вчера вечер призна дека знаеле и за возилото но за кое внимавајте, немало пријава дека било украдено, туку дека не било ТУКА (!?), односно се претпоставува дека исчезнатиот, а подоцна и убиениот Панче – заминал со него. (!?!?) Прво, излажа дека не знаеле за возилото и второ, откако призна дека возилото не било ТУКА, туку дека заминало со исчезнатиот, зошто не е барано со централна објава? Кога лажеше Спасовски?“, напиша Ковачки на Фејсбук.