КОГА ЗБОРУВА ПЕТКОВ, КАКО ДА ГО СЛУШАМ МАНДЕЛА Пендаровски восхитен од реториката на бугарскиот премиер
Според шефот на државата, бугарскиот премиер Кирил Петков се држи до тоа што му е надлежност и не ја влошува ситуацијата во односите, иако мора да маневрира и во внатрешниот политички контекст на Бугарија.
Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска ја пофали реториката на новиот бугарски премиер Кирил Петков, споредувајќи го со Нелсон Мандела за разлика од политичарите од претходниот владин состав на Бугарија.
– Да ви кажам најискрено, од тоа што го слушам од Петков, последниве недели откако е премиер на Бугарија, е како да зборува Нелсон Мандела, ако го споредите со тоа што зборуваа неколку министри од претходната влада на Бојко Борисов. Имавме дневна количина на навреди кон нас како народ и како нација – рече денеска Пендаровски пред новинарите.
Според шефот на државата, Петков се држи до тоа што му е надлежност и не ја влошува ситуацијата во односите, иако мора да маневрира и во внатрешниот политички контекст на Бугарија.