КОГА ЗАКОНОТ ВАЖИ ЗА СИТЕ Норвешката полиција ja казни премиерката која славела роденден со 13 лица

Казната е 2.352 американски долари, изјави полицискиот командант Оле Саверуд на прес-конференција.

1,408

Норвешката полиција во денеска соопшти дека ја казнила премиерката Ерна Солберг за кршење на правилата за физичко дистанцирање кога организирала семеен собир за да го прослави својот роденден.

Премиерката, на која ова и е втор мандат, минатиот месец се извини за организирање на забавата по повод нејзиниот 60 роденден на која биле 13 членови на семејството во планинско одморалиште кон крајот на февруари, и покрај забраната на владата за собирање на над 10 лица.






– Во повеќето случаи, полицијата не дава такви казни, но станува збор за премиерот и, иако законот е ист за сите, сите сме еднакви пред законот – објасни Саверуд.

– Затоа е правилно да се даде казна со цел да се одржи довербата на јавноста во правилата за физичко дистанцирање – рече Саверуд.

Поврзани содржини