КОГА ВЛЕЗЕ, КОГА ИЗЛЕЗЕ, КОГА НАПИША ДНЕВНИК НА ЗАТВОРЕНИК?! Саркози на 200 страници се жали за трите недели „голгота“
Книгата содржи и цело поглавје посветено на либиската афера, каде тој се брани дека „никогаш, на ниту еден денар, не му се нашле траги од Гадафи“. Судот, пишува Саркози, не го интересирал доказот, туку примерот „дека некој треба да биде симбол на вина“.
Некогашниот француски претседател изненади со дневник од 200 страници за трите недели кои ги помина во ќелијата 11 во прочуениот затвор Санте во Париз, симбол на париската правда и иронијата на судбината. Во „Дневникот на еден затвореник“ тој вели дека не е виновен.
Книгата содржи и цело поглавје посветено на либиската афера, каде тој се брани дека „никогаш, на ниту еден денар, не му се нашле траги од Гадафи“. Судот, пишува Саркози, не го интересирал доказот, туку примерот „дека некој треба да биде симбол на вина“.
Откако помина 20 дена во Санте, Саркози успеа да куртули од затворот. Апелациониот суд во Париз го прифати неговото барање за условна слобода додека трае жалбената постапка, повикувајќи се на возраста, здравствените причини и стабилното живеалиште.
Затворскиот број на Саркози бил 320535.