КОГА ВИНОТО ТИ Е СТРАСТ, НЕ ПИЕШ САМ! Тој е заразен вински ентузијаст, дегустира, едуцира и здружува вино, храна и луѓе во своето интимно винско катче

Некои велат, плукнат Даме Груев, други пак, Христо Ботев. Споредбата е главно поради брадите, иако тие не се единствената сличност. Сите се револуционери…Првите двајца, во борбата за ослободување од османлиското ропство, а нашиов, Дејан Донев прави револуција во винската култура…Тивко, полека, со многу дегустации и круг на вински пријатели кои концентрично се шири, а центарот е – неговата Винска соба

644

Не е скопјанец, ама поради него Скопје е побогато за еден од најзначајните настани кој се чека со нетрпение секоја година. Станува збор за Скопскиот вински салон – Винодонија. И не е само тоа. Дејан Донев е основач и на таканаречената Винска соба, сместена во зградата над Пјаца Либерта, карши гимназијата Јосип Броз Тито.
Во мај годинава овој вински клуб во нашиот град ќе полни точно две години.

Наместо како дотогаш, кога пријателите на Дејан, инаку, како и тој, големи љубители на вино, се собирале во неговиот стан во Тафталиџе за да уживаат во вината што Дејан или некој од нив ќе ги донел од некое патување во странство, сега местото на тие нивни интимни вински дегустации е оваа Винска соба. Иако сега, веќе не станува збор само за најблиските пријатели на Дејан, туку гости во Винската соба се сѐ повеќе луѓе кои многу често кога еднаш ќе дојдат за да видат како изгледа една винска дегустација, се навлекуваат на овие дружби па стануваат и редовни посетители.






Целиот текст прочиутајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини