КОГА „ВАГНЕР“ МУ ПРАВЕШЕ ПУЧ БЕШЕ ПОСЛАВЕН Упадот во Курск му прави сериозни проблеми на Путин

Путин сè уште има цврста поддршка од 73,6 отсто, но ова е најголем пад во поддршката од почетокот на војната. Рускиот лидер сега има поголем пад на популарноста од септември 2022 година кога нареди мобилизација во земјата, но и од ланскиот неуспешен пуч на „Вагнер“.

825

Популарноста на Владимир Путин опадна за 3,3 отсто по ненадејната инвазија на Украина на Курск на 6 август, тврди истражувачкиот центар „VTsIOM“ близок до Кремљ. Анкетата ја потврдува неофицијалната анализа дека украинскиот упад ја нарушил вообичаено цврстата јавна поддршка на рускиот претседател, пишува британски „Телеграф“.

Путин сè уште има цврста поддршка од 73,6 отсто, но ова е најголем пад во поддршката од почетокот на војната. Рускиот лидер сега има поголем пад на популарноста од септември 2022 година кога нареди мобилизација во земјата, но и од ланскиот неуспешен пуч на „Вагнер“.






Во март, Путин победи на претседателските избори во Русија со рекордни 88,5 отсто од гласовите, иако независните набљудувачи на изборите тоа го опишаа како измама.

Питер Померанцев, автор на книги за пропаганда на Кремљ, рече дека украинската окупација на Курск ја потресе довербата на Русите во нивниот претседател.

– Додека државните медиуми во Русија ја отфрлаат вината од „драгиот лидер“ за успехот на Украина, на социјалните мрежи и внатре во Курск довербата кон Путин се намалува – рече тој.

Меѓу другото, Филтер Лабс, компанија со седиште во САД, анализира дека голем број Руси сметаа дека Путин „заслужи дел од вината“ за украинскиот упад во Курск.

Украинската окупација на областа Курск е прв напад врз Русија од странска земја по Втората светска војна.

 

Поврзани содржини