КОГА ТОА ПЛАЧЕ, ВИЕ ПЕЈТЕ! Оваа техника може да го смири вашето дете за време на изливите на бес
Што пеете – или колку добро пеете – не е важно. Тоа може да биде некоја сакана песна која веќе постои или која сте ја измислиле за такви прилики.
Тантрумите или изливите на гнев се нормален, иако вознемирувачки дел од растењето и воспитувањето мало дете. Според психолозите, повеќе од половина од малите деца ќе имаат еден или повеќе изливи на гнев неделно.
Но, само да се знае дека тоа не го олеснува справувањето со оваа несреќа во моментот кога ќе се случи. Вашето дете лежи на подот вреска и плаче, а вие се чувствувате како во секој момент да ќе почнете и вие да врескате и да плачете.
Овие напади обично се предизвикани од глад, замор, непријатност и фрустрација. Тие често се појавуваат во втората година од животот, кога јазичните вештини на децата почнуваат да се развиваат, но изразувањето на нивните чувства – и управувањето со нив – е борба.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.