КОГА ТОЈ ПОЧИНА, ЗА НЕА ЗАПРЕ СЀ Морничавата трагедија засекогаш ја згасна најубавата љубовна приказна во Холивуд
Мишел Вилијамс отворено зборувала за процесот на тагување и како смртта на Хит Леџер ѝ го променил животот.
Љубовта помеѓу актерите Мишел Вилијамс и Хит Леџер и неговата трагична смрт послужиле како главна тема за инспирација на филмот „Крв“, кој веќе започна да собира награди.
Иако на почетокот се шпекулираше дека токму 41-годишната Мишел требало да се појави во главната улога, сепак, тоа за неа било претешко.
Дејствието на филмот е базирано на нејзиното искуство и соочувањето со тагата по неговата смрт.
View this post on Instagram
Тие двајца ја започнаа врската во 2004 година откако заедно глумеаво филмот „Brokeback Mountain“, а една година подоцна се роди нивната ќерка Матилда која сега има 16 години.
Да потсетиме, Миешл и Хит раскинааа во 2007 година, само неколку месеци пред Хит да почине како последица на предозирање на 28-годишна возраст.
Иако често се расправаа и смируваа, многумина сведочеа на нивната огромна љубов. Холивуд никогаш не видел љубов и страст посилна од нивната.
View this post on Instagram
Мишел долго страдаше и не можеше да пронајде некој кој ќе ѝ понуди сигурност и мир. На нејзината врата среќата тропна дури кога го запознала режисерот Хамилтон Томас. Тие се венчаа во 2020 година и три месеци подоцна добија дете.
Таа отворено зборувала за процесот на тагување и како смртта на Хит ѝ го променил животот:
„Сега, мојот живот, нашиот живот, некако се поправи. Неговата смрт ме промени на начин на кој го гледам светот и на начин на кој секојдневно комуницирам. Ме промени како родител, како пријател. Тоа ја промени видот на работата со која навистина сакам да се занимавам. Тоа стана призма низ која го гледам животот“, изјавила актерката во интервју за „Вог“ во 2011 година.
View this post on Instagram