КОГА СУДБИНАТА ЌЕ ГИ ЗАМЕША ПРСТИТЕ Дали мајката на Јелена денеска прегазила пешак во Скопје?

Порталите Слободен печат и Фокус од свои извори дознаваат дека токму Гордана Филиповиќ била зад воланот на возилото „бмв“, кое усмрти пешак кај мостот Гоце Делчев во Скопје.

9,742

Мајката на Јелена Филиповиќ, девојката чии фотографии своевремено осамнаа во Скопје на билбордите на кои пишуваше „Возев пијан и дрогиран, ја убив Јелена“, е учесник во сообраќајната несреќа што се случи денеска кај мостот Гоце Делчев, кога беше прегазен пешак на возраст од 76 години.

Извори на Слободен печат и на Фокус неофицијално потврдиле дека зад воланот на автомобилот „БМВ“ со кумановски регистерски таблички, кој денеска околу 11 часот го усмрти пешакот С.С. (76) во Скопје, била токму 42-годишната Гордана Филиповиќ.






Слободен печат се обидел да контактира со Гордана Филиповиќ, но безуспешно. Порталот потсетува дека своевремено мајката на Јелена сведочеше дека гробот на ќерка ѝ бил осквернавен и отворен, според полицијата за да биде украден златен накит, а според мајката како знак за заплашување.

Јелена загина во сообраќајка во јануари 2020 година во скопската населба Илинден. Неодамна на казна затвор до 7 години и 6 месеци беше осуден кумановецот Никола Стефановски, возачот на автомобилот во којшто загина Јелена.

Tаткото на загинатата девојка беше приведен во кумановската полиција поради сомнеж дека барал платен убиец за ликвидација на човекот кого го смета за одговорен за смртта на ќерка му.

Поврзани содржини