Кога социјалната изолација значи престој во хотел со 5 ѕвезди

Некои од туристите ширум светот не сакаа да си одат дома заради коронавирусот.

617

Бидејќи земјите ширум светот ги затворија своите граници, беа откажувани меѓународните летови и се наложува карантин во обид да се забави ширењето на Ковид-19, повеќето туристи остануваат дома. Некои се обидуваат да се вратат дома. Кај трети ситуацијата е сосема поинаква. Ова се луѓето кои останаа таму каде што се, кога започнаа да се шират вестите за карантин ширум светот – во оддалечени, убави хотели со пет ѕвездички, пишува „Bloomberg“.

– Многу наши гости избраа да го продолжат престојот за една недела, две недели или до следната наредба – коментира Кевин Вендел, сопственик на „Hotel Esencia“ во Ривиерата Маја, Мексико. Се започна уште на 20 март, кога САД и Мексико објавија дека ќе го ограничат патувањето во странство. Сега, според Вендел, патниците кои морале да одат на преполните аеродроми за да се вратат дома, се принудени да останат на годишен одмор.






Со само 43 соби, „Hotel Esencia“ има репутација како омилено место за холивудските sвезди. По веста за ограничувањето, 30 од 35-те гости колку што во моментов се во хотелот планираат да останат на неодредено време, изјави Вендел. Хотелот, кој обично наплатува 1.000 долари за ноќ, во моментов нуди 30% попуст на оние кои го продолжиле престојот и 40% на оние кои имаат продолжено повеќе од една недела.

Адријана Чанг, 34-годишна адвокатка од Њујорк, ја продолжи својата резервација откако слушнала дека американските власти објавиле предупредување за ниво четири за патувањата.

– Подобро е да се биде тука отколку во мојот дом во Њујорк. Се чувствувам побезбедно во овој природен рај, далеку од сè – додава таа.

Досега се потврдени 316 заболени од коронавирусот во Мексико, а земјата сè уште не ги утврдила своите специфични стратегии за контрола на вирусот и спроведувањето на тестовите.

Рајан Кук од Торонто реши да остане на неодредено време со сопругата и трите деца, кои имаат 11, 14 и 16 години. Според него, училиштата се затворени и тој има можност да ја заврши својата работа од далечина. Според него, по целата хистерија кај луѓето кои сакаат да си одат дома, тој верува дека сега е поодговорно да не патувате.

„Esencia“ не е единствениот хотел што се потпира на „криење“ од коронавирусот. Во „Jumby Bay“, луксузен хотел со 40 соби на приватен остров крај брегот на Антигва, со престој од 1.895 долари, некои гости изјавија дека сакаат 30-дневен престој, вели Џули Дебас, раководител за маркетинг и продажба.

– Клиентите сакаат да се кријат од сè што се случува во светот – рече таа.

Туристичката агенцијата „Steppes Travel“ во моментов работи на враќање на клиентите од дестинации од Јужна Америка до Југоисточна Азија. Меѓу нејзините клиенти се оние кои не сакаат да се грижат за тоа во моментов. Наместо тоа, тие сакаа да останат на места како „Cape Grace“ во Кејп Таун.

Факт е дека хотелиерите како Вендел од „Esencia“ продолжуваат да работат, а притоа избегнуваат голема штета, тие имаат и огромна одговорност. Додека американската туристичка индустрија претрпува штети од 1,4 милијарди долари неделно, има среќници кои продолжуваат да работат на пониско сезонско ниво. Сепак, ова е за возврат за товарот за заштита на гостите и персоналот.

За да ги заштити сите во неговиот хотел, Вендел воведе неколку правила. Сите места на кои луѓето често се допираат, како брави на вратите, се дезинфицираат секој час. Кога гостите пристигнуваат во главниот ресторан на вечера, келнерот им дава средство за дезинфекција на рацете. Вендел има обезбедено 1.000 шишиња средства за дезинфекција бидејќи стравувал дека ќе нема повеќе.

За да помогне во социјалната оддалеченост, тој го намалил персоналот од 250 на 175, барајќи од работниците да направат доброволен неделен одмор секој месец, наместо да се потпираат на технолошки вишок.

Дали тоа е доволно, допрва треба да се види.

Поврзани содржини