КОГА СКОПЈАНИ ЌЕ ИМААТ ПАРНО ЦЕЛА НОЌ? Маројевиќ вели дека ЕСМ ја има предвид и оваа опција
Помошник директорката во ЕСМ очекува дека со паѓање на дневните температури нема да има потреба од дневни прекини на испораката на топлина, а во случај на потреба, греењето може да продолжи и по 22 часот.
Зависно од температурните осцилации и метеоролошките услови периодот за затоплување на становите во Скопје ќе се менува, изјави помошник-директорката во ЕСМ, Александра Маројевиќ, во емисија на телевизија Алсат.
Таа очекува дека со паѓање на дневните температури нема да има потреба од дневни прекини на испораката на топлина, а во случај на потреба, греењето може да продолжи и по 22 часот.
– Како ќе паѓаат надворешните температури, есенско и зимно време, очекуваме времето на испорака да се продолжи. Ако загарантираното греење е од 6 до 22 часот, ова 22 часот ќе се продолжи ако температурата во 22 часот е -8 степени, ќе се грее цела ноќ. Тоа е еден максимум, при што, ноќе испораката не е во фул обем, како што е преку ден. Таканаречен ноќен режим – вели Маројевиќ.