КОГА СИТЕ СПИЕЛЕ Ѝ влегол дома и го зграпчил накитот што го носела на себе
Пензионерка од Кавадарци пријавила дека крадец влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и ѝ го украл накитот што го носела на себе.
Вчера во ОВР Кавадарци, кавадарчанката Д.Ј.(68) пријавила дека околу 04.00 часот, едно лице со употреба на сила влегло во нејзиниот дом, физички ја нападнало и ѝ го одзело накитот што го носела на себе.
За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Тој рече дека бил извршен увид на местото на настанот и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.