КОГА СЕ РАЗБУДИЛА ОД КОМА, МАДОНА КАЖАЛА САМО ЕДЕН ЗБОР! Познатата пејачка вели дека разговорот со Господ бил страшен
Имав страшно изненадување ова лето. Имав скоро смртно искуство. Да, не се шегувам. Беше прилично страшно. Четири дена не знаев ништо бидејќи бев во индуцирана кома, рекла Мадона.
Познатата пејачка Мадона (65) детално опишала како се чувствувала за време на предизвиканата кома и што се случило кога ги отворила очите. Сè се случило откако на крајот на јуни минатата година итно била примена во болница поради бактериска инфекција. Таа закрепна, продолжи со турнеите и сега се присети на искуството блиску до смртта.
Таа настапи во Лос Анџелес, а потоа пред публиката му се заблагодари на докторот Дејвид Агус кој ѝ го спасил животот.
– Имав страшно изненадување ова лето. Имав скоро смртно искуство. Да, не се шегувам. Беше прилично страшно. Четири дена не знаев ништо бидејќи бев во индуцирана кома – рекла Мадона.
Кога се разбудила, веднаш рекла: „Не“. Пејачката објаснила дека е прилично сигурна зошто овој збор бил првото нешто што го кажала кога ги отворила очите.
– Сигурна сум дека Бог ми велеше: „Дали сакаш да бидеш со мене? Дали сакаш да дојдеш со мене? Сакаш да одиме овде?“. Јас велев: „Не, не“ – објаснила Мадона.
– Знам дека звучи лудо, но беше тешко и не знаев кога ќе можам повторно да станам, кога ќе можам повторно да бидам иста и кога ќе ја вратам енергијата. Секој втор ден се јавував на мојот доктор и го прашував зошто немам енергија, кога ќе ми се врати енергијата, кога ќе се чувствувам како порано, дали може повторно да одам на турнеја. Сè што ќе речеше: „Излези на сонце.“ Беше многу тешко за тоа да одам од куќата до дворот и да седам на сонце. Знам дека тоа звучи лудо, но беше тешко – рече Мадона.