КОГА НЕМА ГРОБОВИ ЗА ПОГРЕБУВАЊЕ Повеќе илјади лешови почнале да се распаѓаат во Палермо

Во овој италијански град од 2019 година мртвите не се погребуваат во земја бидејќи нема место за тоа.

1,260

Повеќе од илјада ковчези со телата на починатите чекаат да бидат погребани во Палермо, објави новинската агенција Анса.

– Ковчезите се натрупуваат од есента 2019 година, а некои пукнаа поради неодамнешната неподнослива жештина – изјави директорот на локалните гробишта Ротоли, Леонардо Кристофаро.






Тој истакна дека „поради недостаток на гробови, како и поради високите температури, многу лешови почнале да скапуваат“.

Кристофаро предупреди дека ситуацијата бара итно поставување кутии во земјата или купување соодветни ковчези со цинк, кои помагаат да се спречи распаѓањето.

– Свесни сме дека без погребување на лешовите или набавка на ковчези со цинк, ситуацијата може само да се влоши, што исто така може да претставува опасност за здравјето на луѓето – нагласи Кристофаро.

Поврзани содржини