🎥 КОГА НЕМА ДРУГО, ТУКА Е „ФИЈАКЕР СТАРИ“ Стотици возила заглавени на Златибор, погледнете како се извлекуваат

По завршувањето на празниците за Сретење Господово и продолжениот викенд, туристите масовно ја напуштаат планината, што предизвика сообраќаен колапс.

1,011

Снегот што наврна во поголем дел од Србија создаде проблеми на патиштата и големи застои, а на Златибор се формираа километарски колони возила, бидејќи по празниците за Сретење, многу граѓани кои престојуваа на оваа планина се враќаа дома.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од хаосот на патиштата и возилата заглавени во снегот.
Многу возила и автобуси денеска на Златибор останаа заглавени во снегот. Во тие моменти, секоја помош беше добредојдена, па дури и коњи со запреги се вклучија за да се извлечат автомобилите од снегот. На некои места патници ги одглавуваа автобусите, а ан други полицајци ги буткаа колите заглавени во снег.
Инаку, снегот почна да паѓа уште синоќа на Златибор, што создаде снежна покривка, но истовремено предизвика и проблеми на патиштата.






Поврзани содржини