КОГА НЕ МОЖЕТЕ ДА СИ ГО НАЈДЕТЕ ПАТОТ ДО ДОМА, НИТУ ПАК ЗНАЕТЕ КОГО ДА ПОБАРАТЕ Kако да препознаете изгубено лице со деменција?

Неодамна наидовме на еден пример кој најдобро го илустрира однесувањето на лице со деменција кое се изгубило. Жената го пратила мажот кој боледува од деменција да купи леб од пекарата спроти влезот на нивната зграда. Човекот отишол по леб, а потоа исчезнал. Го нашле по 4 дена, прегладнет и со два леба под мишка. Повеќе за оваа состојба и за секојдневјето со човек кој има некој тип на деменција, можете да прочитате во книгата „Кога мама заборави дека ме сака“, лична приказна на авторката Драгица Русевска Христова, во издание на „Топер“.

238

Со оглед на тоа што сѐ почесто наидуваме на објави за лица со деменција кои едноставно исчезнуваат од своите домови и ги нема со часови, а понекогаш и со денови, добро е да се напише како можете да ги препознаете кога ќе ги забележите.

Пред сѐ, кај лицата со деменција постои очигледна дезориентација – збунето се вртат наоколу, гледаат назад додека одат, се плашат дека некој ги следи, се загледуваат во лица или натписи итн.






Повеќето од овие лица ги влечат нозете или се движат со ситни чекори, имаат поднаведнат од, но се обидуваат да ја подигнат главата.

Можат да им поставуваат неповрзани прашања на минувачите. Многу често се несоодветно облечени или не носат чевли.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини