Кога може Хрватска да смета за влез во Еврозоната?
Одлуката за тоа доби поддршка од работната група за еврото во понеделник, а како што се дознава од дипломатски извори, одлуката за прием треба да биде официјално објавена утре.
Хрватска и Бугарија треба утре да бидат примени во Европскиот механизам за девизен курс (ЕРМ II), еден вид лоби за влез во Еврозоната.
Одлуката за тоа доби поддршка од работната група за еврото во понеделник, а како што се дознава од дипломатски извори, одлуката за прием треба да биде официјално објавена утре.
Земја-членка што сака да усвои еврото мора да помине најмалку две години во механизмот „ЕРМ II“ пред да ја воведе заедничката европска валута, што значи дека Хрватска може да смета на тоа дека најрано ќе се приклучи на Еврозоната во 2023 година.