Кога може да се плаќа за трето дете, зошто да не им се помогне на оние кои копнеат барем за едно?
Ова е прашањето што го поставуваат Зоја Самандова Петрушева, Маја Филиповски, Катерина Тасевски и Ана Андреевска, четири жени кои ги споила заедничката борба за бебе по патот на ин витро, во здружението „До бебе по патот на ИВФ“. Една од главните цели на нивното здружение е да се зголеми бројот на ваучери за прво дете, имајќи предвид дека има голем процент на жени кои се исцрпени и финансиски и психички од неуспехот на многу повеќе од трите ИВФ процедури кои ги покрива државата.
Здружението за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување „До бебе по патот на ИВФ“ е релативно младо здружение основано по иницијатива на Зоја Самандова Петрушева, чија лична приказна ѝ била најголем мотив да го основа ова здружение.
Зоја која станала мајка после 12 години тежок пат, дури со седмото ин витро, точно знае како изгледа патот на оние кои немале среќа да станат мајки со првата, втората или третата и последна ИВФ процедура, што ги покрива државата.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.