КОГА МАЈКА ЌЕ ТИ КАЖЕ „БЕЛО СЕ ПЕРЕ НА 90“ Искрена, потресна и забавна животна исповед

Кога едно мало девојче ќе ја изгуби мајката, таа вечно ќе се сеќава на последните зборови, што од смртна постела ѝ биле кажани. Во случајот на малата Броња, тоа е советот дека „бело се пере на 90“.

934

Лошите и траорни сеќавања ние луѓето имаме навика да ги потиснуваме, со желба да ги заборавиме. Но, лекувањето од секоја траума започнува со признавањето за тоа дека имаме проблем. Потоа, потребно е да се разговара за лошата случка и да се споделуваат емоциите. Изгледа едноставно, но всушност е пеколно тешко. Можеби затоа словенечката писателка Броња Жакељ напиша книга. Книга за нејзините стравови, трауми и загуби.

„Бело се пере на 90“ е мошне потресен автобиографски роман, исполнет со емоции, страдања и разочарувања. Но во исто време тоа е роман во кој ќе најдете многу љубов, хумор и најбитно од сè надеж.






Кога едно мало девојче ќе ја изгуби мајката, таа вечно ќе се сеќава на последните зборови, што од смртна постела ѝ биле кажани. Во случајот на малата Броња, тоа е советот дека „бело се пере на 90“.

Во овој роман е опишана загубата на мајката, која канцерот ја убил додека Броња била уште малечко девојче, ни и за загубата на голем број на други луѓе од нејзината околина. На драгите пријатели, роднини, помалиот брат и бабата. Но, таа е тажна и кога Словенија решава да се отцепи од Југославија, бидејќи заедничката држава е вткаена во сеќавањата за драгите луѓе, кои повеќе не се живи.

Загубите ѝ ја одземаат силата, но ја прават непопедлива кога таа дознава дека е болна од истиот тип на канцер што го имаше и нејзината мајка. Хемотерапијата и зрачењата ѝ ја одземаат силата. Таа е речиси мртва кога лекарите ѝ ја соопштуваат добра вест. Ѝ велат ти си потполно здрава, иако Броња се чувствува премногу болно.

„Бело се пере на 90“ е извонредно добро четиво, кое секако дека не смее да се пропушти.

Романот е издаден во 2018 година, а на македонски јазик е преведен во 2021 година, во издание на Арс Либрис.

Поврзани содржини