Куќната помошничка бара повисока плата од газдарицата. Оваа се лути и вели:
– Па добро, Марија, која е причината што мислиш дека заслужуваш повисока плата?
– Има три причини, не една.
– Ма немој… Добро, кажи ми ја првата причина.
– Првата причина е што подобро пеглам од вас.
– А кој го вели тоа, Марија?
– Вашиот сопруг, госпоѓо.
– А која е втората причина?
– Подобро готвам од вас.
– И тоа го вели мојот сопруг?
– Да, госпоѓо.
– Види, види… А која е третата причина?
– Третата причина е што сум подобра љубовница од вас.
– Што?! И тоа ли го вели мојот сопруг?!
– Не, госпоѓо, тоа го вели вашиот градинар.
– Добро, Марија… Колку сакаш да ти ја зголемам платата?
(Илустрација: Pixabay.com)