КОГА И РОМАНЦИТЕ ЌЕ ТИ СИМНАТ КАПА ЗА ВКУСОТ НА НИВНИТЕ ТРДЛА Трансилваниски специјалитет во срцето на скопската чаршија

Ако поминувате по златарската уличка на старата чаршија во Скопје, сигурно ќе ве привлече миризбата која се шири од едно малечко дуќанче со необичен деликатес – трансилваниско трдло

535

Брачната двојка Ленче Осењак Шкраба и Даворин Гешовски се луѓе на кои една обична туристичка посета на Романија, им го одредила натамошниот тек на животот. Имено, ги натерала да си го донесат со себе оној прекрасен мирис кој ги пленил таму, да си ја купат потребната опрема, да го научат рецептот и да му ги донесат на Скопје трансилванските трдла.
„Пред шест години бевме на обиколка на Романија кадешто, меѓудругото, го разгледувавме замокот на Дракула и во самото градче Бран толку убаво мирасаше нешто, а ние не знаевме што е тоа што мириса толку убаво, па решивме да пробаме.

Тоа беше првпат да пробаме трансилвански трдла. Купивме од сите вкусови по едно и сите беа кое од кое поубави. Тогаш решивме да го донесеме овој деликатес и во Македонија“, ни раскажа Лена.






Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини