Кога екологијата станува шоу, а не наука

На сите оние кои се наоѓаат во изборна кампања би им препорачал да слушаат научници посебно на оваа тема од практични причини. Научниците кои се грижат за животната средина не шпекулираат, напротив не создаваат теми за разговор по медиуми и заблудување на нацијата туку даваат конкретни решенија.

155

Пред неколку недели, искрено се израдував кога во медиумите конечно видов дека за сериозни теми — како што се рударството и екологијата — зборуваат вистинските луѓе. Професори, научници, експерти од фелата. Луѓе кои зад своето мислење стојат со знаење, искуство и кредибилитет. Но, за жал, мојата радост траеше кратко.

Само неколку дена подоцна, повторно вклучив телевизор — и ја видов истата стара слика. На национални медиуми, на теми кои бараат стручна анализа и одговорен пристап, повторно доминираат еднострани дебати. Наместо научна аргументација – гласност и сензационализам.






Најшокантно беше тоа што за управување со отпад, тема која бара длабоко разбирање и мултидисциплинарен пристап, зборуваат луѓе без никакви релевантни квалификации. Самонаречени „екологисти“ кои на јавноста ѝ продаваат страв, а не знаење.

Од друга страна, вистинските експерти – професорите, инженерите, научниците – повторно остануваат исклучени.

Зошто? Прашање на кое одговорот веројатно го знаат само организаторите на таквите дебати. А ние, јавноста, можеме само да претпоставуваме – и да гледаме како најважните теми за иднината на земјата стануваат медиумски спектакл, наместо простор за вистинска стручна расправа.

Сепак науката е наука!

Како интелектуалците и образованите го дефинирале зборот наука – „Систем кои ги гради и организира знаењата во облик на поверливи објаснувања и предвидувања на универзумот. Во постарите и блиско поврзаните значења науката се однесува на самиот систем на знаење, на видот на кои може рационално да се објасни и примени. “

Во Македонија ако се земат денешните внатреопштествени збиднувања (Локални избори 2025 година), науката би морале да ја прилагодиме на нужната потреба од терминологијата менаџирање со отпад, но во исто време да бидеме коректни кон сите кои се вклучени во самиот процес на изборите. Тоа би изгледало вака од научна перспектива која би ги класифицирала постапките по следниот редослед:

Депонии

Како фунционираат тие, локација, план за изградба и анатомија на самата депонија. Функционирање, динамика на депониите: распаѓање на отпадот, протекување. Гас што се создава во депонијата: извор кој може да се искористи, набљудување на околината, грижа при затворање на депонијата и во периодот по затворањето и иден развој.

Отпад

Запознајте го својот непријател, класифицирање на отпадот според тоа кој го создава, класифицирање на отпадот според хемискиот состав и карактеристики на отпадот.

Задржување

Заробување и обработка, пластики и полимери, глинени материјали, обработка на отпадот и задржување на отпадот.

Запалување

Темата на запалување, видови на печки за палење, испуштање на гасови, што да се прави со пепелта и НДТ-нови достапни технологии.

Ова е начинот на како размислува науката за еден горлив проблем кој може слободно да се нарече „Криза со отпадот и како да ја одржуваме иднината“.

На сите оние кои се наоѓаат во изборна кампања би им препорачал да слушаат научници посебно на оваа тема од практични причини. Научниците кои се грижат за животната средина не шпекулираат, напротив не создаваат теми за разговор по медиуми и заблудување на нацијата туку даваат конкретни решенија.

Ако прашате некој од нив: Какво е вашето мислење дека наредниот градоначалник ќе ја исчисти општината од ѓубрето? Одговорот ќе биде следен: Дали можете да сопрете река да тече? Не. Вие морате да го регулирате нејзиното корито. Така и со ѓубрето. Ќе дојде нареден ден.

За жал во Македонија функционираат други видови отпад. Екологисти кои лажат и медиуми кои директно ги подржуваат иако знаат дека лажат.

Ова посебно се случува на темите во делот на енергетика и рударство. Врвот на искажување на невистини ги добивме како општество од соодветен професор на Техничкиот факултет од Битола кој тврдеше дека имаме фантастични десет милијарди евра како рудно богатство од еден милион тони руда на литиум. Кога му соопштив дека тоа што го изнесува во јавноста не е вистина и дека нема таква руда пред сѐ во Македонија, јавно потворно се изјасни дека има литиум во соседна Србија и можеби би требало да истражиме дали има и кај нас. Професорот држи шест предмети и учи наши деца-студенти со во најмала рака дезинформации.

Да потсетам на неколку неточни изјави што неодамна беа изнесени во јавноста, во емисии водени од луѓе кои очигледно повеќе се занимаваат со личен публицитет отколку со новинарска одговорност. Не би сакал да спомнувам имиња — не затоа што се непознати, туку затоа што токму тоа го бараат: внимание. Зад нивната „загриженост“ најчесто стои нешто друго – лични амбиции и интереси кои со вистината и јавниот интерес немаат многу заедничко.

Небулоза 1. Сегде во Европа се рушеле хидроцентралите. За жал голем дел од хидроцентралите се изградени во земји пред сѐ во германско говорно подрачје, кое истото начекало да финансира екологисти кои ја тврдат оваа невистина. Нели, некој мора да продава струја и да создаде свои „квинслишки“ поданици.

Небулоза 2. Ќе се исечело шума на планината Кожув 1000 хектари за да се пробие пат за изградба на хидроцентрала и ќе се нанела штета од петнаесет милиони евра. Математички невозможно. Измама од само 996,8 хектари и 14 милиони и 750.000 евра.

Небулоза 3. Другарите од некој Зелен институт и самопрогласени екологисти се изјаснија во емисија: Во рудникот Казандол немало никакви објекти и станувало збор за измама од страна на укрански лопови олигарси. Официјално во арбитражната пресуда која сега е во жалбена постапка и ќе трае уште пет месеци на 263 страници го пишува следново: Во рудникот Казандол се ископани и спремни за обработка четири милиони килограми бакарен руден концентрат и има едно големо И нема никаков доказ за криминогени збиднувања околу самиот рудник.

Во јавниот простор се изречени многу неточности, и тоа во емисии што претендираат да бидат кредибилни и релевантни, но реално служат како медиумски театар пред избори. Некои новинари, наместо да ја штитат професионалната етика и да се држат до Кодексот на новинарите, очигледно одбраа улога на коментатори со однапред зададена агенда.

Наместо анализа, добиваме сензација; наместо факти, слогани. И вака наместо просторот на национален медиум да се користи во јавен интерес, се злоупотребува за лични интереси – политички, финансиски.

П.С. За тоа како се однесуваат медиумите кон проектите за рудниците и како подржуваат еко манипулатори, со детали во следните колумни.

Поврзани содржини