КОГА ЕДИНСТВЕНОТО ШТО ВЕ МАЧИ НА 92, Е КАЛУС (ЖУЉ) НА НОГАТА! Не пијам никакви лекови, сама пазарам и готвам!
Кога деновиве на пазар ја сретнав д-р Алексиќ, мојата прва забарка, знаејќи дека беше постара од мајка ми која сега би имала 85, се изненадив што воопшто ме препозна. А тогаш ми раскажа за жуљот на ногата, единственото што ја мачи, на 92-годишна возраст
Староста обично ја одредуваме според функционалниот (психофизички) статус на одделна личност (индивидуален пристап), а животниот век на човекот го делиме на животни периоди. Првиот е оној до 18 години живот, вториот дел од животот е периодот од 19 до 65 години, тоа е време на учење, работа, создавање. Третиот дел е од 65 до 74 години и често го нарекуваме „златна доба“ или рана старост, четвртиот е периодот од 75 до 84 години, познат како средна старост и периодот на длабока старост е од 85 години од животот па натаму.
Е токму во овој период од животот е и д-р Алексиќ, мојата прва забарка од „Букурешт“, кај која ме носеа на редовни контроли на забите уште пред да тргнам на училиште. Ѝ беше колешка и пријателка на тетка ми која се омажи во своите четириесетти и замина во Америка. Знаев дека е отприлика на иста возраст со неа, а дека и двете беа постари од мајка ми која сега, ако беше жива, ќе имаше 85.
Целиот текст прочитајте го на „Мајка и дете“.