Кога ќе ви дојде јајцето на газот – да се обединиме!
И ако опозицијата се врати на власт, само вие ќе ги вратите, членството на СДСМ воопшто нема да биде виновно за тоа.
Да се обединиме… Повика Заев во пресрет на вториот круг на локалните избори.
И во ред е тоа. Јавно прашувам, дали некој слушнал или обелоденил дека во изминатите четири години Максим Димитриевски украл нешто, ја злоупотребил својата функција, избркал некого од работа, не сработил доволно, направил некој скандал, не го сакаат гласачите кумановци!?
Јас барем такво нешто немам слушнато. Имам слушнато дека на сите анкети во предизборието имал највисок рејтинг од сите кандидати, околу 80%.
Зошто тогаш од готово се прави вересија? Од сигурен градоначалник се оди со друг кандидат. Не можевте да се „обедините“ и да ги премостите пречките!?
Или за суети се работи!?
Зошто беше исклучен од партијата? Поради јавно искажани различни ставови, поради пркос, поради нечии лични интереси? Па нели е дозволено различно мислење во Партијата? Или само се добри партиските послушници?
Истото се случи и со Стојко Пауновски, кој важеше за еден од најдобрите директори во соодветната институција. И еден куп други кадровски промашувања.
И сега, да се обединиме… Па да, кога ќе ви дојде јајцето на газот. Не оди тоа така, не ја бива таа работа. Старите велат десетпати мери еднаш сечи. Ама тоа е…
И ако опозицијата се врати на власт, само вие ќе ги вратите, членството воопшто нема да биде виновно за тоа. Тие околу вас упорно ве лажат и не ви кажуваат дека веќе подолго време има голем револт и незадоволство кај членството.
Ама тоа е ваша работа…