🎥 „КОГА ЌЕ УБИЕШ ДЕТЕ ВО ГАЗА, СОЗДАВАШ ПЕТ НОВИ ЧЛЕНОВИ НА ХАМАС“ Силно одекна ставот на Илон Маск за ситуацијата на Блискиот Исток
Прашањето е, за секој член на Хамас што ќе го убиете, колку ќе создадете? Ако повеќе создаваш отколку што убиваш, тогаш не си успеал. Со сигурност може да се каже дека, ако убиете нечие дете во Газа, ќе направите барем неколку членови на Хамас кои ќе умрат само за да убијат Израелец - истакнува Илон Маск изразувајќи го своето видување за војната во Израел.
Милијардерот Илон Маск зборуваше за моменталната ситуација на Блискиот Исток во интервју за американскиот подкастер Лекс Фридман. Маск истакна дека во речникот нема збор за да се опише моменталната ситуација, а неговиот став предизвика големо внимание во јавноста.
– Строго мое мислење е дека целта на Хамас беше да предизвика претерана реакција од Израел. Тие (Хамас) не очекуваа воена победа. Тие навистина сакаа да извршат најлоши злосторства што можат за да предизвикаат најагресивен можен одговор од Израел и да го искористат тој одговор за да ги соберат муслиманите ширум светот за Газа и за палестинската кауза – рече извршниот директор на Тесла.
🇵🇸🇮🇱 Even Elon Musk gets it.
“For every Hamas member you killed, how many did you create?”
“If you kill somebody’s child in Gaza, you’ve made at least a few Hamas members.” #Gaza_Genocide pic.twitter.com/gNqczSnAcj
— Majid Freeman (@Majstar7) November 10, 2023
Маск исто така додаде дека би било соодветно Израел да ги пронајде членовите на Хамас и „или да ги убие или да ги затвори“, но тој исто така повика на хуманитарна помош во Газа.
Најбогатиот човек на светот додаде дека Израел треба да биде транспарентен за војната, за луѓето да не мислат дека тоа се некои трикови, но исто така додаде:
– Прашањето е, за секој член на Хамас што ќе го убиете, колку ќе создадете? Ако повеќе создаваш отколку што убиваш, тогаш не си успеал. Со сигурност може да се каже дека, ако убиете нечие дете во Газа, ќе направите барем неколку членови на Хамас кои ќе умрат само за да убијат Израелец – истакнува Илон Маск.