КОГА ЌЕ СЕ ПОВИКААТ НА РАСПИТ ЗАЕВ И РУСКОВСКА? Сведоштвото на таткото на Боки отвори прашања во ВМРО-ДПМНЕ
Доколку е вистина тоа што го зборува таткото на Боки, тоа значи дека ниту рекет бил можен без Заев, ниту пак е правда возможна со Вилма Русковска, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Зошто обвинителството не ги повика Вилма Русковска и Зоран Заев на распит, прашува ВМРО-ДПМНЕ по сведоштвата на таткото на Боки 13-ка, Миле Јовановски.
„Таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски изјави дека на врвот на рекетарската мрежа седел Зоран Заев. Тој посочи дека Заев наредувал и управувал со обвинителството и со судството. Јовановски кажа дека Заев праќал пораки со наредби кому да се вратат пасошите. Воедно тој посведочи како Заев му кажал и го предупредил Бојан Јовановски дека против него е пријавен случај за рекет. Доколку ова е вистина, тоа значи дека ниту рекет бил можен без Заев, ниту пак е правда возможна со Вилма Русковска“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Главното прашање, по сведоштвата на Миле Јовановски за „Рекет“, според ВМРО-ДПМНЕ, е зошто обвинителството не ги повика Русковска и Заев на распит?