КОГА ЌЕ СЕ КАЧИШ НА ШТУЛИ И ЌЕ СЕ ВОВЛЕЧЕШ ВО „КОНДОМ“… Ким Кардашијан имаше незгоден момент на Оскарите
Ким Кардашијан сподели видео на социјалните мрежи од моментот во кој нејзиниот тесен фустан и високите штикли ѝ создадоа проблем на престижната церемонија на доделување на филмски награди.
Риалити ѕвездата Ким Кардашијан сподели на својот профил на Инстаграм видео од незгоден момент што ѝ се случил непосредно пред да замине на забавата на „Венити фер“ за Оскарите.
Во претесен, златен фустан што ја истакнуваше нејзината фигура, но и ѝ го отежнуваше одењето, Ким едвај се движеше на вртоглаво високите штикли.
Токму оваа комбинација од претесен фустан и превисоки чевли доведе до непријатен момент во кој таа ја изгуби рамнотежата и падна.
– О, извинете, мојот глужд! – може да се слушне како вели таа на видеото.
Членовите на нејзиниот тим и пријателката Стефани Шеферд веднаш ѝ притрчаа на помош и ѝ помогнаа да стане, пишува Дејли Меил.
Иако беше малку потресена од сето ова, Ким брзо се прибра. По неколку моменти, таа се обиде повторно да оди, а пред да влезе во автомобилот, го замоли тимот дополнително да ѝ ги зацврстат чевлите. Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Таа се појави на црвениот тепих дотерана и насмеана. Во впечатлива златна комбинација, покажа дека знае како да се справи со секоја ситуација – дури и по мал пад.
За наводната врска на Ким и Луис Хамилтон се шпекулира веќе некое време, а нивното заедничко појавување на Супербоул 2026 година ги разгоре гласините уште повеќе.