Западот и Европа го имаат заборавено значењето на зборот војна, односно војна која директно ги тангира.
Они би да војуваат со зборови, со санкции, со енергетски транзиции.
За жал, ние од мизерниот Балкан добро знаеме што е војна и колкави човечки и генерациски цени се плаќаат и за време и долго откако војната ќе заврши.
Кај нас барем на тоа поле не би требало да има поделби и поделени мислења.
Фактот дека ги има, нè потсетува колку ништо не учиме од минатото и дека кога ќе почне војната – умира секоја вистина.