КОГА ЌЕ ПАДНЕ РЕЖИМОТ ВО ТЕХЕРАН, ИЗРАЕЛ И ИРАН ПОВТОРНО ЌЕ БИДАТ ПАРТНЕРИ Нетанјаху ги охрабрува протестите во Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно изјави дека САД ќе интервенираат доколку иранскиот режим почне да убива демонстранти, додека претседателот на иранскиот парламент се закани дека Иран ќе го нападне Израел и американските цели во регионот доколку САД ја нападнат земјата.

763

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел и Иран повторно ќе станат партнери, по падот на режимот во Техеран.

– Им испраќаме сила на херојските и храбри граѓани на Иран, а кога режимот ќе падне, заедно ќе правиме добри работи во корист на двата народа. И кога ќе дојде тој ден, Израел и Иран повторно ќе станат верни партнери во градењето иднина на просперитет и мир – рече Нетанјаху на почетокот на состанокот на кабинетот денеска, објави „Тајмс оф Израел“.






Протестите во Иран започнаа на 28 декември минатата година, поради падот на иранската валута и тешката економска состојба, а оттогаш, според организациите за човекови права, најмалку 192 лица се убиени во обиди за насилно задушување на протестите.

„Хјуман рајтс активистс“ (Human Rights Activists News Agency) со седиште во САД утрово објави дека повеќе од 570 протести се одржале во текот на ноќта и утрово во 31 иранска провинција.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно изјави дека САД ќе интервенираат доколку иранскиот режим почне да убива демонстранти, додека претседателот на иранскиот парламент се закани дека Иран ќе го нападне Израел и американските цели во регионот доколку САД ја нападнат земјата.

Израел е во состојба на висока готовност за каква било можна интервенција на САД во Иран.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги обвини САД и Израел за поттикнување „немири“ во неговата земја.

Според Пезешкијан во интервју за локалната државна телевизија, целта на Вашингтон и Тел Авив е да „сеат хаос и раздор“ во иранското општество, поради што тој ги повикува своите сонародници да се дистанцираат од „проблематичните и терористите“.

Претседателот додаде дека властите се подготвени да ги сослушаат демонстрантите, но провокаторите што ги нападна се обидуваат да го „уништат целото општество“.

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, пак, го обвини протестното движење во Иран дека сака да создаде „изговор за американска воена интервенција“, објави ДПА.

Галибаф ги опиша масовните демонстрации против иранското раководство, кои траат со денови, како терористичка војна против земјата организирана од САД.

Учесниците во „терористичките акти“ ќе бидат строго прогонувани, а уапсените за време на немирите ќе бидат казнети, изјави претседателот на иранскиот парламент.

Поврзани содржини