КОГА ЌЕ ИМА ИЗВЕШТАЈ ОД АНКЕТНАТА КОМИСИЈА, ДОБРО Е ДА БИДЕ ИСПРАТЕН И ВО ОБВИНИТЕЛСТВО Потребна ни е сеопфатна комисија која ќе ги истражи сите трагедии

Не го испочитуваа Деловникот во делот на составот на таа Анкетна комисија и си предложија број на пратеници, кои што ќе учествуваат во таа комисија, претежно од опозицијата, занемарувајќи ги пратениците од власта, иако членот 124 од Деловник утврдува дека Анкетна комисија се формира согласно пропорционално на бројот на пратениците кои што се застапени во парламентот, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во гостување објаснувајќи дека во новиот предлог се работи за сеопфатна комисија која ќе ги разгледува не само трагедијата во Кочани туку и други несреќи за кои се бара одговорност.

0

СДСМ не го испочитувала Деловникот на Собраниетот во врска со Анкетната комисија и со тоа ги занемарила пратениците од власта, вели Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ во гостување на Канал 5. Петрушевски смета и дека кога еднаш ќе биде формирана Комисијата, извештајот од Комисијата треба да биде доставен и до Јавното обвинителство и до Владата.

– Суштината не ни е да водиме дневна политика, туку да го менуваме системот. Ни треба една ваква сеопфатна Анкетна комисија која што ќе ги истражи сите случаи кои што се случиле во Република Македонија – изјави Петрушевски велејќи дека ВМРО-ДПМНЕ во континуитет барало сеопфатна Анкетна комисија која ќе ги опфати не само траедијата во Кочани туку и за други несреќи за кои се бара одговорност.






Тој вели дека суштината не во водење дневна политика туку менување на системот. Меѓутоа, како што вели, уште при самиот старт, СДСМ не ги испочитувале правилата.

– Не го испочитуваа Деловникот во делот на составот на таа Анкетна комисија и си предложија број на пратеници, кои што ќе учествуваат во таа комисија, претежно од опозицијата, занемарувајќи ги пратениците од власта, иако членот 124 од Деловник утврдува дека Анкетна комисија се формира согласно пропорционално на бројот на пратениците кои што се застапени во парламентот – кажа Петрушевски.

Петрушевски посочи дека поднесена е одлука со легитимитет од 75 пратеници кои се потпишани на неа, меѓутоа има и неколку суштински разлики по она кое што беше претходно поднесено од страна на опозициската СДСМ.

– Првата е опфатот на несреќите, кое што веќе го коментиравме. Второто е откако ќе заврши со работа таа Анкетна комисија, извештајот покрај до Собранието и до Владата да биде доставен и до ЈО. Тоа го немаше во овој предлог одлука на СДСМ. Кога веќе Собранието ќе работи една таква Анкетна комисија, на еден таков случај, добро е за правдата во Република Македонија, тој извештај да отиде до ЈО и Обвинителството да си ги преземе сите чекори кои што треба да ги преземе, не само за Кочани, вклучително и другите кои што се случиле, а кои што останале под превезот на неиспочитување на она кое што значи законска процедура и носење на правда во Република Македонија – истакнува Петрушевски.

Поврзани содржини