КОГА ЈА ЗДРМАЛА СТРУЈАТА СНИМАЛА ВИДЕО ЗА ТИК-ТОК? Девојката е сместена на КАРИЛ
Малолетната девојка се качувала на вагон под висок напон на станицата во Маџари и притоа добила струен удар.
Девојката на возраст од 17 години, која доби струен удар прекачувајќи се на електрифириран вагон на железничката станица во Маџари, е во свесна состојба и надвор од животна опасност и во моментов се наоѓа на одделението КАРИЛ, објави Канал 5.
Според сознанија на телевизијата од неофицијални извори, до несреќата дошло откако девојката се качила на вагонот во обид да сними видео за социјалната мрежа Тик-ток. Истрагата за несеќата сè уште е во тек.